Челникот на европските конзервативци од Европска народна партија (EPP), Жозеф Дол, го поздрави во четвтокот „прозорецот на можности“ за решавање на долгогодишниот спор за името меѓу Грција и Македонија, и изјави дека се надева на конкретни резултати.
Изјавата на Дол е дадена во време на клучните моменти од преговорите и е спротивна на тврдењата на сестринската партија на EPP, грчката Нова Демократија дека решението за името треба да се одложи.
„Се надевам дека ќе се најде заемно прифатливо решение за името и ја поздравуваме можноста што може да доведе до конкретни резултати“, изјави Дол за порталот Euroaaktiv.
Порталот уште додава дека во Атина, најголемата опозициска партија Нoва Демократија смета дека решението за името треба да се остави за некое друго време, откако ќе има соодветна подготовка за тоа, а не како сега со „тајна агенда“ усвоена од левичарската влада на Грција.