Екипата на ЖРК Вардар во полуфиналето од Лигата на шампионите ќе игра со екипата на Ростов Дон, кој е дебитант на завршниците во најквалитетното европско клупско натпреварување.
Во другото полуфинале ќе се сретнат актуелниот ампион Ѓер и ЧСМ Букурешт.
„Црвено-црните“ со Ростов Дон имаат одиграно само еден натпревар и тоа во битката за трофејот на меѓународниот турнир чиј домаќин беше Вардар. Русинките победија со 33:26.
Завршниот Ф4 турнир ќе се игра во арената „Ласло Пап“ во Будимпешта, на 12-ти и 13-ти мај. Термините за саботните полуфиналиња се 15:15 и 18:.00 часот, но дополнително ќе биде одредено кој меч кога ќе се игра.
„Фајнал-фор“ на ракометната Лига на шампиони, полуфинале: Ростов Дон – ЖРК Вардар и ЧСМ Букурешт – Ѓер.