Израелски офицер загинал а негов подреден е ранет во престрелка со палестинските милитанти во Појасот Газа, соопшти армиската служба за односи со јавноста во неделата вечерта, додека палестинските функционери од енклавата истовремено објавија дека израелските безбедносни сили убиле шест Палестинци , меѓу кои и двајца команданти на исламистичкото движење Хамас кое управува во Газа.
Според соопштението на израелската војска, престрелката се случила во текот на операцијата на израелските специјални сили на територијата на палестинската енклава. Дополнителни поединости не се откриваат во соопштението, пренесува израелскиот дневен весник Haaretz во своето електронско издание.
Според функционери на движењето Хамас, до престрелката дошло кога ноќта грипа израелски специјалци влегле со цивилен автомобил во Појасот Газа и ликвидирала борбен командант на локалните милитанти. Откако израелските командоси пукале врз група вооружени припадници на Хамас и убиле притоа ден борбен командант, било возвратено на огнот и палестинските борци се дале во потера по автомобилот,е побарале воздушна поддршка, а при нападот биле убиени уште петмина Палестинци.
Според очевидци од Појасот Газа, во текот потерата по автомобилот израелски авион го надлетал подрачјето и истрелал најмалку 40 проектили. Во нападот се убиени најмалку шест лица, меѓу кои и командантите на Хамас, Нур Барака и Мокамедд ал-Кара, рекле болнички извори за агенцијата Reuters.