Бачев: Јанева мора да си замине од функцијата

 

Јанева мора да си замине од оваа функција, а за тоа има два начини, смета Јанко Бачев, од Народното движење за Македонија, кој беше гостин во студиото на ТВ Нова.

 

„Едниот начин е самата да ја напушти функцијата, а вториот начин е Собранието како што ја избра така и да ја разреши. Нашиот партиски став е дека во Македонија има потреба од вакво обвинителство, но оваа госпоѓа не и е дорасната на задачата. Ние бараме да се избере нов специјален јавен обвинител и од Народното движење за Македонија размислуваме да ја официјализираме таа постапка, зашто на оваа функција неопходно е да биде поставен човек со голема способност и знаење“, смета Бачев.

 

Тој додаде дека правниците низ светот сакаат да решаваат вакви кризи за 1 долар, се со цел, само за да влезат во историјата.

 

„Поборник сум и на идејата да се избере специјален јавен обвинител на избори. На овој начин обвинителството е претворено во една карикатура“, потенцираше Бачев за време на гостувањето во телевизија Нова.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.