Десет знаци дека сте поинтелегенти од просечното

Лицата со поголем коефициент на интелегенција имаат некои заеднички карактеристики, а со анализа на голем број податоци, научниците ги издвоиле оние кои најчесто се повторуваат.

Знаете да свирите некој инструмент

Научниците тврдат дека музиката го поттикнува развојот на мозокот на повеќе начини. Многу студии покажаа дека децата кои учат да свират од мали нозе, постигнуваат подобри резултати на тестовите за интелегенција.

Најстаро дете сте

Една студија откри дека најстарото дете во семејството обично е најпаметно, но тоа нема никаква врска со генетиката. Норвешките научници спроведоа истражување на околу 250.000 лица на возраст меѓу 18 и 19 години, која покажа дека во просек првороденото дете има IQ 102, второто дете 100, третото дете 99.

– Студијата покажа дека првороденото дете има малку поголем коефициент на интелигенција од помладиот брат или сестра. Разликата е многу мала, се работи за само три бода. Сепак, генетиката нема никаква врска со тоа, станува збор за односот на родителите и децата, односно нивниот однос со првороденото дете, рече еден од експертите кој работеше на ова истражување.

Витки сте

Пред десет години спроведена е една студија за време на која екпсертите даваа тестови на интелигенција на испитанциите во текот на подолг временски период. Резултатите покажаа дека како што се зголевал обемот на половината на испитаниците, така им се намалувал коефициентот на интелегенција.

Втора студија спроведена меѓу предучилишните деца, покажа дека ниското IQ е поврзано со проблемите на тежината.

Имате мачка

Новата студија заклучи дека лицата кои сакаат кучиња повеќе од мачки се подруштвени, но оние кои се определиле за мачки имаат подобри резултати на тестовите за ителегенција.

Мајката ве доела

Едно истражување покажа дека децата кои биле доени растат во паметни деца. Една студија спроведена на три илјади деца, заклучи дека децата кои пиеле мајчино млеко во првите месеци од животот, имаат поголем IQ од оние кои не пиеле.

Високи сте

Пред осум години Универзитетот Принстон спроведе студија која покажа дека повисоките испитаници постигнуваат подобри резултати на тестовите за интелегенција, а ваквиот тренд забележлив е и кај децата и возрасните.

Тежнеете кон левица

Студијата бараше врска меѓу политичките наклоности и интелигенцијата. Експертите врз основа на анализите на големо количество податоци, заклучи дека колку повеќе тежнеете кон левицата, вашиот коефициент на интелегенција е повисок.

Рано сте научиле да читате

Пред четири години е спроведена студија која вклучи четири илјади идентични близнаци. Експертите заклучија дека тие кои порано научиле да читат се поинтелегенти и постигнуваат подобри резултати на испитите.

Често сте загрижени

Ако често сте загрижени и многу нешта ве мачат, тоа би можело да биде знак на интелигенција, барем така тврди една студија.

Забавни сте

Ако луѓето добро се чувствуваат во ваше друштво и ги смеете, научнциите тврдат дека вашето IQ е поголем од просекот.