Дневен хороскоп (28.11.2013)

Овен

Ќе се соочите со финансиски проблеми кои што лесно ќе може да ги решите. Доколку побарате позајмица или кредит од банка, ќе добиете потврден повратен одговор. Во љубовта се соочувате со недоумици и тоа со причина.

Бик

Денеска ќе добиете добар глас во врска со парите. Немојте да се опуштате пред време и да трошите повеќе одошто можете. Добивката може да ја очекувате на крајот на неделата. На емотивен план е можна нова авантура.

Близнаци

На се’ гледате со многу повеќе оптимизам. На полето на финансиите е можен поголем напредок. Задолжително играјте лото или некоја друга игра на среќа. Во љубовта ви е стабилно. Немојте да го лажете партнерот.

Рак

Ви претстои убаво кратко патување кое што е од деловна природа. Опуштете се и искористете го слободното време. Промената на средината добро ќе ви дојде. Финансиските одлуки препуштете му ги на партнерот.

Лав

Ви претстои ден полн со деловни предизвици. Нема да ви биде лесно. Доколку имате приватен бизнис, не е време за нови вложувања. Почекајте уште малку. Финансиската ситуација е солидна, но може и подобро. Во љубовта нема ништо ново.

Девица

Денеска ќе може да си ја исполните желбата и да уплатите патување во странство. Доколку студирате, ве очекува одличен ден за учење. Не го одложувајте полагањето на испитот дури и доколку не сте подготвени.

Вага

Пријатни сте во комуникацијата и многу работи може да завршите благодарение на правилниот пристап. Ќе добиете финансиска помош. Ве привлекува личност која лажно се претставува и многу ветува.

Скорпија

Денеска ќе решите да потрошите повеќе пари. Постои можност да претерате. Ви претстои убава средба со партнерот. Заедничките планови за пат во странство во овој момент не се остварливи.

Стрелец

Започнува убав период. Постои можност наскоро да заминете на поскауваното патување во странство. На полето на финансии не е добро. Ве притиснаа долговите од сите страни, но ситуацијата ќе се промени.

Јарец

Со партнерот често се расправте поради пари. Сметате дека претерува со трошење додека вие вредно работите и се трудите да заштедите. Здравјето ви е стабилно. Можна е несоница.

Водолија

Во овој момент се трудите да ја одржите стабилноста во работата. Финансиската ситуација е добра иако приходите се помали од очекуваното. Здравјето ви е добро, но можни се повреди.

Риби

Партнерот има добар предлог и би требало да го послушате. Така ќе ги решите моменталните финансиски проблеми. Некој ќе ви дојде на гости и ќе се однесува малку чудно бидејќи му се допаѓате.