Актуелниот опозициски лидер Зоран Заев со уште петмина во средината на јули 2008-ма година за случајот „Глобал“ заврши во притвор за криминал тежок над 8 милиони евра. Аболицијата на Заев со која практично прекина гонењето беше потпишана од Бранко Црвенковски на 3 август 2008 година и трае до денес. Со ова, Заев останува единствен аболициран политичар во земјава, пишува „Курир“.
-Врз основа на член 48, став 1, алинеја 9 од Уставот на Република Македонија (“Службен весник на Република Македонија“ бр. 52/91 и 91/2001) и на членовите 1 и 11 од Законот за помилување (“Службен венсик на Република Македонија бр. 20/93), а во врска со член 114 став 1 од Кривичниот законик, Претседателот на Република Македонија ја донесе следната:
ОДЛУКА ЗА ПОМИЛУВАЊЕ- СОЛОБОДУВАЊЕ ОД ГОНЕЊЕ, БЕЗ СПРОВЕДУВАЊЕ НА ПОСТАПКА НА
- Зоран Заев од Струмица
- Стојан Динев од Струмица
- Кирил Парталов од Струмица
- Никола Годев од Струмица
- Иринка Трајкова од Струмица
- Горан Крстев од Струмица
Ова е тогашната одлука на претседателот Бранко Црвенковски објавена во Службен весник, со која на Заев и неговите соработници им простува криминал од 8 милиони вера. Неколку месеци претходно, за амнестираните МВР поднесе кривични пријави за злоупотреба на службената положба и овластување. Имајќи предвид дека во кривичната пријава, а подоцна и во обвинителството тврдеа дека противправно е стекната имотна корист од над 8 милиони евра, се работи за потешка квалификација за која Kривичниот законик предвидува казна од минимум три, односно пет години затвор.
Со ова, Заев останува единствениот аболициран политичар во земјава, откако претседателот Ѓорге Иванов во петокот донесе одлука да ја укине аболицијата за 22 лица политички експонирани. Опозицискиот лидер веќе подолг период ја манипулира јавноста за аболицијата поврзана со случајот „Глобал“, бидејќи првиот човек на СДСМ се уште не побарал укинување на истата.
Заев, чија политичка кариера ја одбележа токму чинот на помилување од Бранко Црвенковски во 2008 година, под притисок на јавноста минатата недела излезе со став дека ќе ја повлече аболицијата. Сепак, Заев уште го брани масовното помилување за „Глобал“.
Од 2008-ма Зоран Заев бара повлекување на аболицијата, тогаш не ми беше дадена правна можност да ја повлечам аболицијата, ниту бев прашан за оваа работа. Сега имам правна можност и ја обжалив пред Апелација и пред Стразбир и аболицијата од 2008-ма година ако ми се даде можност веднаш ќе побарам да биде повлечена, или ако има било каква можност Ѓорге Иванов или било кој во оваа земја барам да биде укината, рече Заев на прес-конференција.
Наспроти ова, јавноста добро ја памети изјавата на Заев во 2008 година дадена веднаш по аболицијата од Бранко Црвенковски за криминал тежок 8 милиони евра. Заев тогаш рече дека немало да ја коментира одлуката на Црвенковски.
Аболицијата дадена од страна на претседателот Црвенковски нема дa ја коментирам во јавноста. Тоа е сепак негово уставно и зкаонско право, рече помилуваниот Заев со солзи радосници во 2008 година.
Груевски: Веќе нема ниту еден аболиран политичар освен Заев за Глобал
Одлуката која што претходно беше донесена не беше на линија на нашите активности, а вчерашната одлука е на линија на нашите активности и е добра одлука која ја поздравуваме. Мислам дека е одличен чекор на претседателот Иванов и се надевам дека работите ќе продолжат да се одвиваат во добра насока и дека што поскоро СДСМ ќе се охрабри да дојде на избори, изјави вчера Груевски одговарајќи на новинарско прашање по посетата на Општата болница во Струмица каде е во тек реконструкција на Ургентниот центар.
Нагласи дека со одлуката на Иванов веќе нема ниту еден аболиран политичар со исклучок на Зоран Заев кој е аболиран во 2008 година од поранешниот претседател Бранко Црвенковски за случајот „Глобал“ во кој се товареше за проневера на осум милиони евра.
Сега во Македонија со исклучок на Зоран Заев нема ниту еден аболиран политичар врз кој може да се фрли сомнеж дека е аболиран заради тоа што сторил кривично дело и на некој начин ја избегнал одговорноста за тоа. Единствен таков во моментов е само Зоран Заев за случајот „Глобал“, потенцира Груевски.