ФОТО: Познат идентитетот на пешакот што вчера беше прегазен од камион

архивска илустрација

Познат е идентитетот на пешакот што вчера беше прегазен од камион. Станува збор за 71 – годишен жител на Скопје.

Сообраќајката се случи вчера попладне во 15.25 часот, на крстосницата на бул. „Кочо Рацин“ и ул. „11 Октомври“.

-Камион ТАМ со скопски регистарски ознаки, управуван од С.М. (44), удрил во пешакот П.Т. (71) од Скопје. Од незгодата со тешки повреди се здобил пешакот, кој со возило на Итна медицинска помош е пренесен во Ургентниот центар“, информираат од МВР.

П.Т. по околу два часа им подлегнал на повредите.