Груевски ги слушна проблемите на граѓаните од дебарско-реканскиот крај (ВИДЕО)

Груевски ги слушна проблемите на граѓаните од дебарско-реканскиот крај
Груевски ги слушна проблемите на граѓаните од дебарско-реканскиот крај

Во рамки на посетата на дебарско-реканскиот крај, премиерот Никола Груевски оствари средба со локалното население од Жировница, Ростуша и Скудриње, објави „Канал 5“.

Со цел излегување во пресрет на барањата на жителите кои во голем број се печалбари, премиерот го задолжи министерот за внатрешни работи максимално да се забрза процедурата за издавање патни исправи во овој регион.

Еден од најгорливите проблеми со кои граѓаните се соочуваат, а за кој премиерот Груевски веднаш вети изнаоѓање на решение, е здравственото осигурување на печалбарите во Италија, кое според прописите не е опфатено во Македонија.

Премиерот Груевски по барање на граѓаните побара од министерот за внатрешни работи Чавков да се разгледа и можноста за уривање на стариот дотраен објект на полициската станица во Жировница и местото да се пренамени во паркинг­ простор.

Поради тешко пристапниот терен дел во овој регион неколку места немаат достап до телевизиски сигнал. За таа цел на следната владина седница ќе се разгледува можноста семејствата кои немаат телевизиски сигнал да бидат ослободени од плаќање на радиодифузна такса.

Граѓаните изразија задоволство како од досега реализираните проекти во овој регион така и од оние кои допрва ќе се спроведат и кои, како што рекоа, значително ќе им го олеснат секојдневниот живот.