И Борусија Д. се протна во второто коло од купот

Фудбалерите на Грутер Фирт беа на чекор од сензација во првото коло до Германскиот национален куп на свој терен против фаворитот Борусија од Дортмунд и до петтата минута од судиското продолжение водеа со 1:0, но на крајот во продолжението не успеаја да го повторат подвигот на четвртолигашот Улм кој го елиминираше минатогодишниот носител на титулата Ајнтрахт од Франкфурт.

Погодокот за тимот од Фурт, кој игра во втората лига, имаше резултат за пласман во второто коло откако во 77 минута Себастијан Ернст ја погоди мрежата на Борусија. Меѓутоа, во дополнителните половина час игра дуелот го однесе Аксел Витсел кој погоди во петтата минута од судиското продолжение, а во дополнителните двапати по 15 минути, во 120 минута победата на фаворитот од Дортмунд ја обезбеди Марко Ројс.

Покрај Борусија, во второто коло во понеделникот се пласираа и Падерборн, Фрајбург и Херта.

Фудбалерите на франкфуртски Ајнтрахт во мај го освоија германскиот национален куп совладувајќи го во финалето првакот Баерн, а само три месеца подоцна на стартот од новата сезона беа поразени од четвртолигашот Улм со 1:2, додека Баварците иако во најсилниот состав одвај со 1:0 го победија Дрохтерсен/Асел, исто така, екипа од регионалната лига.

На Улм сензационалната победа му ја донесоа Кјенле во 48 и Лукс во 75 минута, додека стрелец на почесниот гол за бранителот на титулата Ајнтрахт беше Пасиенсија во 90 минута.

Барн Минхен, пак, успеа да мине во второто коло од купот со голот на Роберт Левандовски дури во 82 минута, иако на теренот во местото Дохтерсен истрча најсилниот состав на актуелниот шампион.

Најубедливите победи ги остварија Вердер кој со 6:1 победи на гостувањето кај Вормс, и Хофенхајм кој со истиот реултат славеше кај Кајзерслаутерн.

Баер Леверкузен со минимални 1:0 го победи петтолигашот Форцхајм, а еден гол му беше потребен и на Волсфбург да го мине четвртолигашот Елверзберг на неговиот терен.

Со гостински победи во второто коло се пласираа и Нирнебрг во дуелот со Линкс (2:1) и Дуизбург кој гостуваше кај Дазендорф (1:0).