Јоаким Болдсен ќе биде подготвен за дуелот со Металург

Данскиот ракометар и специјалист во одбранта на данскиот шампион Колдинг, Јоаким Болдсен, кој последните неколку недели имаше проблеми со коленото ќе биде подготвен да настапи на утрешниот 1/8 финален натпревар во ЛШ против Металург.

„Патувам во Македонија и ќе настапам на неделната средба. Болките што ги чувствувам не се со толкав интензитет и јас се надевам дека ќе можам да ги одиграм сите 60 минути. Не чека тежок натпревар и на тимот му е потребна сета можна поддршка. Не чека мега натпревар во кој Металург ќе има силна поддршка од својата публика, иста каква што ќе имаме и ние дома. Металург ги совлада Барселона и Пари Сен Жермен што укажува дека се работи за одлична екипа, која може да се натпреварува со најсилните европски состави. Очекувам возбудлив и неизвесен натпревар“, изјави Болдсен за клупската интернет страница.