Соросовата фондација „Отворено оштество“, која во Македонија „оперира“ од 1992 година вложувајќи милиони во „независни медиуми“ и опозициски движења кои наводно би требало да ја ослободат земјава од неподносливата диктатура за конечно да завладее демократијата, до сега тука донирала 92.819.179 евра.
Принципот на работа на оваа „добротворна“ организација е многу добро познат и вешто се применува во сите земји кои се во нејзината мрежа (Фондацијата функционира во околу 50 држави), а пред се’ парите се трошат за поткуп на видни политичари, влијателни новинари, медиумска пропаганда и поддршка на „обесправени“ групи кои, нрмално се погодни за неговиот бизнис. А, ако не се, зад плаштот на загрозените човекови слободи, се активира машинеријата на најголемиот светски сплеткар и многу едноставно оди во поход на уривање на неподобните Влади. Вооружен со милијарди долари и невладини организации, се чини дека на Сорос, ова добро му оди од рака.
Дека не се работи за хуманитарец, туку за класичен бескруполозен бизнисмен, говори фактот што во овие 21 година од неговото запоседнување на Македонија, граѓаните не видоа никаков аир од неговото финансирање на суштински проекти кои би го подобриле нивниот живот, туку само добра фииансиска поддршка за невладини организации, медиуми, разни трибини и политичари кои наводно треба да направат некоја „Влада во сенка“.
Се поставува многу легитимно прашање: Каде отидоа речиси 93 милиони евра, кој виде најголем аир? – бидејќи секако тоа не се граѓаните на земјава.
Доколку добротворецот Сорос и неговата фондација навистина мислеа на подобрување на развојот на земјава, милионите евра, наместо во поедини џебови, можеа практично да се искористат во:
-Реконструкција на автопатот Велес-Скопје, кој ќе чини 5,7 милиони евра за 23 километри. За реконструкција на 390 километри автопат по теркот на оној од Велес до Скопје.
-Изградбата на ТИРЗ Радовиш, која започна минатиот месец, чини 11 милиони евра. Со вкупниот буџет на Сорос во Македонија ќе можеше да се изградат околу 8 нови ТИРЗ, кои ќе привлечеа нови инвестиции, фабрики, и ќе овозможеа нови вработувања.
-Со буџетот на СОРОС ќе можеше да се изградат околу 13 патишта, како што се изгради патот Струмица-Радовиш, кој чинеше 7,2 милиони евра.
-Со буџетот на СОРОС ќе се финансираше речиси целата опрема во здравството, што ја набави владата во вредност од 100 милиони евра.
-Со вкупниот буџет на Сорос ќе можеше да се изградат 144 училишта, исто како она што го изгради Владата во Аеродром.
Според јавните извештаи на фондацијата „Отворено општество“, буџетот за Македонија од 1992 до 1993 година е 3. 648 969 долари. Во 1994 година 12. 203 577 долари, што е драматично зголемување на сумата, а индикативно за тоа е што таа година имаше парламентарни избори. Во 1995 година, буџетот е 5. 981 099 долари, во 1996 година е 4. 932 635 долари. Во 1997 годиа е 4. 886 398 долари, во 1998 година 4. 854 289 долари. Во 1999 буџетот е 7. 954 462 долари, 2001 година е 5. 946 606. Во 2002 година сумата се зголемува на 7. 126 591 долари, а многу симптоматично за зголемување на буџетот се парламентарните избори кои таа година се одржаа. Во 2003 година, буџетот повторно се намалува на 5. 733 253 долари, за следната 2004 година сумата повторно да се зголеми на 7.305 637 долари, а токму таа година во земјава имаше неуспешен рефередум за територијална децентрализација. Во 2005 година, сумата е 5. 958 145 долари, 2006 година е 5. 427 143 евра. Во 2007 година 5. 152 201 евра, 2008 година 4. 954 957 евра, 2009 година 4. 989 189 евра, 2010 година 4. 429 544 евра, 2011 4. 164 949 евра, 2012 година 4. 811 458 евра, 2013 година 5. 200 000 евра. Сума сумарум преку „Отвореното општество“ на Сорос, во Македонија досега се влезени 92.819.179 евра, пари кои можеа да бидат од голем бенефит за граѓаните, но отидоа во деструктивни и елитистички цели.
Сорос годишно троши околу 300 милиони долари за одржување на мрежата на своите организации и има околу 1.000 вработени во 30 земји. Сите кои не се согласуваат со неговата визија ги етикетира како фашисти и криминалци. А, официјалната визија на „Отвореното друштво“ е дека никој нема монопол врз вистината, различни луѓе имаат различни погледи и интереси, дека постои потреба институциите да ги штитат правата на сите луѓе, постоење на демократски избрана Влада, разнородно и динамично општество и почитување на правата на малцинствата.
На овој начин Сорос со својот „богат арсенал“, помогнал да се смени владата во Полска, Украина, Чешка, Србија итн. Се обидел и во Русија и во КИна, но залакот веројатно му бил преголем, па тоа го одложил за други времиња.
Меѓу големите невладини организации кои ги финансира СОРОС е: „Хјуман рајтс воч“. На негов список се Мортон Абрамовиќ, Ворен Цимерман, Пол Голбел директорот на Радио слободна Европа како и самото радио. Тука е и Весли Кларк, поранешен врховен командант на НАТО во Европа, Меѓународниот трубунал во Хаг и многу други.