Каде летуваат македонските новинари?

„Ич к.. да не Ве боли!“ и тресок на телефон, беше реакцијата на главниот и одговорен уредник на дневниот весник „Вест“, Горан Михајловски, на прашањето поставено од страна на редакцијата на Непрес за тоа каде тој ќе го помине ова лето неговиот годишен одмор.

Колку за потсетување, ист ваков одговор доби и еден новинар, кој го запраша Штерјо Наков, коосновачот на дневниот весник „Вест“, за приватизацијата на „Фершпред“. Дали овој одговор е заштитен знак кај челниците на „вестовци“ останува самите да се изјаснат.

Бранко Героски, главниот и одговорен уредник на Плус инфо, оваа година летувал во Грција.

„Мојот летен одмор заврши. Веќе бев на островот Евиа во Грција. Сега ми остануваа само викендите кои ги поминувам во Охрид. Професијата е таква што не ни дозволува подоголго време да одиме на одмор. Но, во текот на летото ги комбинираме обврските и наоѓаме време да отпатуваме“, вели Героски.

Инаку, Геровски, во својата најнова колумна, која го носи насловот „Сургун Фетие“, додава и дека ова лето ја посетил Русија.

Ацо Кабранов, главниот и одговорен уредник на порталот Либертас, вели дека летно време не користи годишен одмор.

„Летно време сум во Охрид, каде имам стан. Одморот летно време не го користам бидејќи го чувам за зимото каде редовно одам во Америка за Божиќ“, вели Кабранов.

Борајн Јовановски, пак реши оваа година да одмори во Македонија и да не посетува други држави.

„Јас сум во Брајчино, Преспанско. Тука ќе го поминам мојот летен одмор. Не планирам да отпатувам надвор од Македонија“, вели Јовановски.

Инаку на Фесјбук профилот на Борјан Јовановски, на почетокот на јули е поставена фотографија од летниот одмор со семејството.

10292538_10154276624050109_4565947252275249446_n

Дарко Јаневски, главниот и одговорен уредник на дневниот весник „Дневник“ летово го поминал во Скопје. Јаневски вели дека оваа година немал можност да отпатува на одмор поради приватни и професионални обврски.

Главната и одговорна уредничка на Канал 5 телевизија, Лидија Богатинова, оваа година ќе летува во Ксамил, Албанија. Богатинова вели дека минатата година за прв пат бил во Ксамил и се вљубила во местото.

„Дваесет години летував во Црна Гора и минатата година потребна ни беше потребна промена. Отидовме во Ксамил, Албанија и најискрено да ви кажам се вљубив на прв поглед во местото. И оваа година со моите пријатели ќе отпатуваме во Ксамил, ќе бидеме сместени на истото место, кај истите луѓе. Одморот ќе го искористам кон крајот на летово“, вели Богатинова за Нетпрес.

Единствено од Драган Павловиќ-Латас не добивме одговор каде се разладува летово.