петок, 25 ноември 2016  |  Вести денес: 0

Каракамишева: Македонија не е приватна фирма на Зоран Заев

Македонија не е сопственост на Зоран Заев, за тој да си дава за право да тргува со неа, смета аналитичарката и универзитетски професор Татијана Каракамишева.

каракамишева

Поврзани вести

Сите меѓународни европски документи што се однесуваат на заштитата на малцинските права се запазени и имплементирани во уставот и законските решенија. Тезите што Заев ги пласира во Македонија и во странство пред Албанците не отвораат само една пандорина кутија, туку и опасност за опстанокот на Република Македонија, таква каква што е сега. Неговите тези го бришат просторот за политичко договарање и преговарање на сите политички партии што ќе се јават како победници постизборно, истакна Каракамишева и додаде дека ова значи директен атак врз слободната волја на граѓаните, па кој и да победи на изборите Заев се обидува да се наметне како политички фактор и неизбежен дел во преговарачкиот процес за идната влада.

Јасно е дека секоја албанска партија што ќе седне да преговара со идната влада ќе праша – што нудите вие? , тоа е политички дијалог. Преговарачките позиции се такви што секоја политичка партија има црвена линија. Кај Заев нема, тој дава и нуди сè, без да го праша македонскиот народ дали за тоа има согласност. Македонија не е негова сопственост и приватна фирма за да тргува со неа, смета Каракамишева.

Професорката зборуваше и за денешната прес-конференција на СЈО, за која искоментира дека временски се поклопува со гафовите на лидерот на опозицијата, и тоа не може да се препише на случајност.

Со право се констатира дека е голема поврзаноста меѓу СЈО и СДСМ. Веднаш откако лидерот на СДСМ ќе направи политички гаф, на помош стигнуваат специјалните јавни обвинителки да го исперат. Гледаме дека СЈО е во комуникација и си помагаат кога има потреба да се затскрие тежината на зборовите на Заев. Сепак не постојат толку предмети во СЈО, колку што гафови изнакажа Заев, што е не само неочекувано и фрапантно за лидер на опозиција, туку и се сомневам дека тој повеќе не знае што зборува. За да се кажат такви шизофрени тези дека Македонија е виновна што сите соседи се против нас, а тоа не е констатација ни на нашите соседи. Да се каже дека во Македонија можеме да зборуваме кинески само да се разбереме и да се каже дека рамковниот договор е само рамка, иако тој е имплементиран во уставот. Врз основа на тој договор потоа постигнавме договор за имплеметација науставни амандмани кои се составен дел на Уставот на Република Македонија и врз основа на тој рамковен договор многу од малциснките заедници воспоставија еднаквост и рамноправност што не постојат во ниту една земја во светот, појаснува Каракамишева.

Во интервју за ТВ НОВА таа истакна и дека Заев мора да сноси политичка, но и правна одговорност за она што го зборува, бидејќи неговата цел е да создаде политички и правен хаос, во недостаток од граѓанска поддршка.

Најчитани вести