Катастар ги измести имотите како земјотрес и ја скара пола Македонија

Новиот катастарски премер ги испокара соседите и ги истенчи нервите
Новиот катастарски премер ги испокара соседите и ги истенчи нервите

Не стивнуваат проблемите на граѓаните кои не можат да си го регулираат својот имотен статус, а кај голем дел од нив ситуацијата е дополнително искомплицирана и како резултат на новиот дигитален начин на премер, кој го спроведе Агенцијата за катастар и недвижности, како замена на хартиените катастарски планови.

Редица револтирани граѓани со бројни документи, жалби, поплаки и истенчени нерви, се секојдневен декор на шалтерите на Агенцијата за катастар и недвижности.

Покрај имотно-правните проблеми, како рецидив од стариот систем на работа на катастарот, сега дополнително се зголемуваат и проблемите произлезени од дигитализацијата на катастарските планови.

Имено, имотот на граѓаните, со новиот премер, во голем број случаи, им влегува во постоечките парцели на соседите, или пак, не ретко, дел од државно земјиште е всликано во приватен имот или обратно.

Има примери каде соседни парцели се дадени под хипотеки, или сопственици се лица кои долги години се иселени од земјава, или пак на кои се изградени станбени или деловни згради, па така засегнатите не можат да си ги решат споровите.

Оштетени граѓани за „Нетпрес“ велат дека иако грешките се направени при дигаталниот премер, сепак Агенцијата за катастар и недвижности не им ги корегира, иако главната одговорност за тоа ја сноси токму оваа институција, сметаат тие. Им било објаснувано дека претходно, постоела законска рамка од 5 отсто за отстапки при вакви грешки, но дека сега таква можност нема во законот. Оштетени граѓани велат дека пред дигитализацијата, немале никакви спорови со соседните парцели, дека сето тоа се јавило по дигиталниот премер, а Агенцијата за катастар упорно се држела само до него, не и до претходната документација и старите авионски фотографирања и скицирања.

katastar

Засегнатите граѓани реагираат дека без потреба, дополнително се создаваат грешки кои не секогаш може да се решат на спогодбен начин, со изјави од двете страни заверени на нотар и да се добие чист имотен лист. Тие велат дека ако на пример од едната страна е станбена или деловна зграда, или пак сопственикот починал, па наследниците не се доволно упатени, тогаш едноставно не е возможно да се реши спорот. Но, и некогаш едноставно не постои добра волја, кај една од страните, иако претходно немало никаков спор. Според нив, овие проблеми и спорови, за кои тврдат дека ги предизвикала Агенцијата за катастар и недвижности, ги чинат пари, нерви и непотребно губење време. Покрај ова, тие велат дека новите проблеми нарушија и многу меѓусоседски односи. Во секој случај, товарот на грешките од дигитализацијата е на грбот на граѓаните, а голем дел од нив се принудени да влезат и во правни лавиринти од кои со години не можат да излезат.

Со новиот премер дел од имотот на соседите е впишан во мојот имотен лист. Од Катастар ме советуваа заедно со соседите да потпишеме изјава и да се реши проблемот. Но, кога се обидов да разговарам со сосетката, наидов на проблем. Не сакаше ниту да ме дослуша, сметаше дека сакам да и’ земам дел од нејзиниот имот. Поради едноставен и банален проблем дојде до поголеми недоразбирања со соседите, па проблемот остана нерешен. Се’ што сакав беше да го решам проблемот и да добијам прочистен имотен лист, за да не се соочувам со понатамошни проблеми, реагира жителка на Куманово.

Иако, проектот на Владата за легализција на дивоградбите има многу позитивни реакции кај граѓаните, кои досега немаа можност како да станат вистински сопственици на својот имот изграден и пред неколку децении, сепак, новиот дигитален катастарски премер во голем број случаи е во конфликт…