Катица Јанева и Фатиме Фетаи правеа циркуз во судот – Казните ќе им ги плател народот

јанева

Фрапантно и скандалозно однесување на специјалните обвинителки Катица Јанева и Фатиме Фетаи денеска во скопскиот суд.

Тие на денешната расправа и претрес во судот сакаа да направат театар преку постојано прекинување на рочиштето и упатување на лични навреди кон судијата и судот. Уште незапочнато судењето тие без да добијат збор од судијата, почнаа да го навредуваат и него и судот. Судијата по ваквото недолично однесување ги казни неколку пати со по 1.000 евра глоба, по што тие се пофалија дека ќе плати народот, односно дека плаќањето на казната ќе биде со пари од буџетот на СЈО, за кој е познато дека е огромен и дека за неговото трошење не даваат никаков отчет.

Инаку, со самата пофалба пред судот дека казната ќе ја платат со буџетот од државата доделен на располагање на СЈО, тие практично признаваат злоупотреба. Бидејќи лична казна не може да се плаќа со службени финансиски средства, односно со народни пари. Тие со ова признаваат дека за приватни цели го раскрчмуваат државниот имот.

Рочиштето е презакажано поради немање на услови за работа.