Денес променливо облачно, од утре сончево

Променливо облачно време со повремен дожд позастапен во јужните и источните делови не очекува денес. Ќе дува и слаб променлив ветер на југот со услови за појава на ретки грмежи.

Утринската температура ќе се движи од  12 до 17, а дневната од 18 до 26 степени.

Во Скопје ќе преовладува променливо облачно време со услови за појава на слаб повремен дожд и со слаб северозападен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 14, а дневната ќе се искачи до 24 степени.

Од утре период на сончево време

Од сабота период на сончево време
Од сабота период на сончево време

Од сабота следува период на сончево време со мала до умерена локална облачност и постепен пораст на дневната температура. Минималната температура во наредните денови ќе биде во опаѓање, најсвежо ќе биде во недела и понеделник наутро.