ОН: Кризата со мигранти нема да се реши ако се затвори вратата пред нив

Помошник генералниот секретар на Обединетите нации за човекови права, Иван Шимоновиќ предупреди дека кризата со мигранти не може да се реши доколку се затвори вратата пред нив.

– Ако се затвори вратат пред мигрантите, тие очајни луѓе ќе влезат преку прозорец, истакна Шимоновиќ во врска со бегалската криза во Европа.

Тој нагласи дека земјите од ЕУ беа многупати предупредувани да ја очекуваат оваа бегалска криза.

– Смртта на сириското момче, кое се удави покрај брегот на Турција по превртувањето на чамецот со илегални мигранти, ги натера луѓето да ја увидат човечката димензија на кризата, додаде Шимоновиќ.

Помошникот генералниот секретар на ОН за човекови права истакна дека голем број од бегалците, кои ги напуштаат своите домови, бегаат од војни.

 

 

Над 300.000 мигранти оваа година тргнаа преку Средоземното Море на пат кон Европа, на кој 2.500 од нив ги загубија своите животи.