Поддржувачи на Груевски се собраа пред Кривичен

Пред Кривичниот суд во Скопје во моментов е собрана група од околу 50 – тина поддржувачи на екс-премиерот Никоа Груевски. Меѓу нив се и поранешниот градоначалник на општина Аеродром, Ивица Конески, екс-градоначалникот на Скопје, Коце Трајановски и уште неколкумина инволвирани во судскиот предмет за нарачаните шамари во општина Центар.

Собирот се случува само неколку минути пред изрекувањето на пресудата за поранешниот премиер Груевски, во случајот на СЈО под кодно име „Тенк“, а се однесува на набавка на скапо возило „мерцедес“.

За истиот предмет, обвинет е и поранешниот помошник-министер во МВР, Ѓоко Поповски, кој пак, вчера беше осуден на деветгодишната затворска казна за случајот „Триста“.