Полицаец убиен уште шестмина ранети во заседа во Денвер

Еден полицаец е убиен, а други шест лица се ранети во неделата во предградие на американскиот град Денвер кога полицијата интервенирала на повик поради семејно насилство, а осомничениот од претходни ѝ бил познат на полицијата која се сомнева дека станува збор за намерна заседа.

Полицајците биле повикани кога се слушнале пукотници во зграда во станбен кварт во Хајленд Парк, дваесетина километри од центарот на Денвер, во сојузната држава Колорадо. Шерифот испратил вооружен интервентен тим полицајци и екипа пиротехничари.

Осомничениот е застрелан и се верува дека е мртов, напиша на Twitter канцеларијата на шерифот. Се додава дека меѓу шестмината ранети двајца се цивили а четворица се полицајци.

Осомничениот ѝ претходно го привлекувал вниманието на властите и можно е дека заседата била намерно поставена, изјави на прес-конференција шерифот на областа Даглас, Тони Спурлок. Појасни дека сторителот, чиј идентитет засега не се открива, веќе го привлекувал вниманието на полициските службеници.

„Знаеме дека во редица случаи тој контактирал со агенциите за спроведување на законот“, изјави Спурлок, но додаде дека кривични пријави против мажот не биле поднесувани претходно.

Потврди дека полициските службеници пристигнале во станбената зграда реагирајќи на повик на еден од соседите кој се жалел на голема бука. Пукањето се случило во станот во кој влегле полицајците. Според шерифот, напаѓачот не земал заложници.

„Тој знаел дека доаѓаме, го информиравме за нашето пристигнување. Во сите нив било пукано многу многу брзо. Сите биле ранети во интервали од неколку секунди, така што ова беше напада речиси како заседа за нашите службеници“, додаде шерифот Спурлок. Но не наведе дали властите имаат докази дека тој претходно го планирал нападот.

Според Спурлок, осомничениот пукал од пушката најмалку 100 пати, при што ранил пет полицајци од кои еден починал. Потврдил дека сторителот бил ликвидиран. Покрај тоа, ја потврди информација и за двајцата ранети цивили, коишто најверојатно се наоѓале во соседните станови. Во моментов иследниците го испрашуваат мажот кој според полицијата живеел во истиот стан.

Американскиот претседател Доналд Трамп кусо по инцидентот изрази сочувство за семејството и блиските на жртвата и настраданите.