Променливо облачно време без дожд

Променливо облачно време со подолги сончеви периоди не очекува денес, а во југоисточните делови со повремен дожд.

Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Утринската температура ќе биде во интервал од 10 до 16, а дневната од 18 до 25 степени.

Во Скопје се очекува променливо време со подолги сончеви периоди.

Ќе дува слаб до умерен северен ветер.

Утринската температура ќе биде околу 14, а дневната ќе достигне до 25 степени.