ПСЖ го преслуша и Лил

Во саботата беа одиграни сите натпревари од претпоследното, 37. коло од француската Прва лига, а дерби пресметката помеѓу третопласираниот Лил и старо-новиот шампион на Франција, тимот на ПСЖ, заврши со сигурен триумф на гостинот од 3:1.

Без победник, 1:1, заврши вториот поинтересен натпревар, пресметката помеѓу вечните ривали Бордо и Олимпик од Марсеј, а минимален, но сосема непријатен пораз во дуелот против гостискиот тим на Лориен, доживеаа фудбалерите на Олимпик од Лион.
Резултати: Ајачио – Римс 2:1, Бордо – Марсеј 1:1, Евијан – Ница 2:0, Генгамп – Тулуз 2:0, Лил – ПСЖ 1:3, Лион – Лориен 0:1, Монпеље – Бастија 0:2, Нант – Сент Етјен 1:3, Рен – Сошо 1:2, Валенсијен – Монако 1:2.