Свет

САД подготвуваат финансиски санкции против Украина

САД подготвуваат финансиски санкции против Украина

Администрацијата на претседателот на САД, Барак Обама подготвува финансиски санкции што би можеле да бидат наметнати на украинските официјални лица и протестни лидери, ако насилството во Украина ескалира, изјавија советниците во Конгресот, соопшти „Ројтерс“.

Советниците од Конгресот, кои сакале да останат анонимни, поради чувствителната тема, велат дека биле разгледани санкции со претставници на администрацијата на Обама.

Конечните детали се’ уште не се разработени, но тие би можеле да се воведат брзо, како против владините службеници на Украина, така и против лидерите на протестното движење, во случај на ново насилство.

Шест лица беа убиени во Киев и други украински градови во протестите, за време на немирите, што избија откако претседателот Виктор Јанукович ги прекине преговорите за пристапување кон Европската унија под притисок на Русија.