Шекеринска: И без влез во НАТО, мора да продолжат домашните реформи

И да не влеземе во НАТО, мора да продолжиме со домашните реформи, фокусот да биде ставен на нив, рече меѓу другото вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска во гостувањето во четвртокот вечерта на телевизијата Телма зборувајќи за неодамнешната поста на Вашингтон, разговорите со Грција и во тој контекст шансите на Република Македонија наскоро да стане членка на Алијансата.

„Врз база на сегашните и претходните средби што сум ги имала одговорно тврдам дека потезите што ги направи Македонија не само во поглед на преговорите за името, во поглед на аеродрoмот и автопатот, покажаа дека Македонија е заинтересирана за решение“, рече Шекеринска

Врз основа на сето тоа што го понудивме, додаде, на сите им е јасно дека Македонија e заинтересирана за решение.

„Преговорите може да успеат само ако двете страни тоа го посакуваат и ако во еден момент најдеме решение со кое и двете страни можат да живеат и да го спроведат. Сѐ повеќе од тоа е барање само на виновник“, рече Шекеринска оценувајќи дека во целиот процес Македонија кај меѓународната заедница е доживеана како зрела, одговорна и концентирана држава.

Како што рече, за интеграциите на Македонија и во НАТО и во Евроспакта унија постои подготвеност да помогнат и САД и други пријателки членки. Шекеринска оцени дека не чувствува дека постои притисок во разговорите за името, туку дека има и ќе има „сериозно охрабрување и до нас и до Грција“.

„Мислам дека тоа се одвива и на ниво на ЕУ и на ниво на НАТО, поради тоа што ова е едно прашање ги пресекува двата Гордиеви јазли“, истакна Шекеринска.

Шекеринска не сакаше да зборува за ткн „план Б“ доколку Македонија годинава не биде примена во НАТО, но рече дека во секој случај мора да се продолжи со реформите.

„Фокусот мора да биде на нашата стретешка цел. Денес Македонија нема покана за НАТО и Македонија си ја гарантира сопствената безбедност. Она што нам ни останува како опција е да не го изгубиме фокусот којшто сега го имаме на домашни реформи и во случај да влеземе во НАТО и во случај тоа да не се случи“, посочи Шекеринска дополнувајќи дека кризата во 2015-та не се случила зашто земјата не била во НАТО и ЕУ, туку поради лошата внатрешна состојба.

Шеќеринска на вечерашното гостување во емисијата „Топ тема“ истакна и дека македонскиот амбасадор во Вашингтон не се појавил ниту на пристигнувањетом, ниту на заминувањето на македонската делегација, и едноставно „ја преспал“ нејзината посета која на тоа ниво на средби се случува дури по шест години и е значајна за соработката и поддршката на Македонија од САД, особено за нејзините евроатлански аспирации.

„Тоа беше скандалозно однесување да ја преспиеш посетата ако не на министерот за одбрана, тогаш на Пентагон. Сега го чекам министерот за надворешни Никола Димитров да се врати од Грција за да поразговараме за непримерниот однос на македонскиот амбасадор во Вашингтон, Васко Наумовски, за време на посетата на македонската делегација на САД“, рече Шекеринска.