Свет

Серија експлозии на гас во Тајван

Серија експлозии на гас во Тајван

Во серија експлозии предизвикани од течење на гас во тајванскиот град Каохсуиг починале 24 лица, додека повеќе од 200 се повредени. Тајванската новинска агенција CNA како причина за експлозиите го наведува течењето на гасот во канализацијата. Снимките од градот откриваат причинета голема штета на улиците и зградите.

Пожарникарската служба примила повика за течење на гас во четвртокот вечерта, а потоа следеле и серии експлозии кои зафатиле подрачје од 2 до 3 километри. Меѓу загинатите има и пет пожарникари. За да се запре огнената стихија помош е пристигната од стотина војници, како и од пожарникари од соседните градови.

Во подрачјето каде се случи несреќата, училиштата се затворени, а на работниците им е порачано да не одат на работа.