Со победа над Португалија кошаркарите го започнаа „Трофејот на Македонија“

Најдобрата македонска кошаркарска репрезентација со победа над Португалија го започна својот настап на „Тофејот Македонија“ кој се одржува во Скопје.

Во натпревар од првиот ден на меѓународниот турнир кој се игра во СЦ „Борис Трајковски“ македонските кошаркари ја совладаа селекција на Португалија со 52-47 по четвртини 15-18, 14-9, 10-4, 13-16.

Со постигнати 14 поени најефикасен во редовите на нашата репрезентација беше искусниот Ѓорѓи Чековски. Капитенот Војдан Стојановски постигна 10, а Александар Костовски придодаде 8 поени.

Наредниот меч на „Трофеј Македонија“ нашата репрезентација го игра вечерва од 20 часот и 45 минути, а противник е Холандија, која на првиот натпревар по две продолженија загуби од БиХ со 102-96.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.