Сончево со мала до умерена облачност

Времето во Македонија во сабота ќе биде сончево со мала до умерена обласност, ќе дува слаб до умерен североисточен ветер.

Во крајните јужни планински делови ќе има услови за појава на краткотраен дожд. УВ индексот ќе има вредост 8.

Максималните дневни температури ќе се движат во интервалот од 24 до 28 Целзиоусови степени во западните региони, и меѓу 27 до 34 на југоистокот.

Во Скопје и околината се очекува температурата да се искачи до 33-от степен.

Потоа следува период на стабилно време со постепен пораст на дневната температура.

Според прогнозата на УХМР, максималната дневна температура в недела ќе биде од 28 до 35 сетепени, в понеделник од 29 до 36, во вторник од 30 до 37 степени.