Студено и магливо утро, преку ден мало разведрување и температура до осум степени

Времето денеска во Македонија ќе биде облачно и нестабилно со услови за дожд и појава на магла, особено во утринските часови.

Во попладневните часови можно е разведрување и појава на умерен јужен и југоисточен ветер.  Температурите ќе се движат од три до осум степени.

Во Скопје и околината ќе преовладува слично време со температура до четвртиот степен.