Потресно сведоштво: Цел час лежев на земја и се преправав дека сум мртва

Потресно сведоштво на 22-годишна девојка која присуствувала на концертот на групата „Eagles of Death Metal“ во концертната сала Батаклан во Париз.

Изобел Бодери објави мошне емотивен статус на Фејсбук за да го опише хоророт што го доживеала. Таа исто така објави и фотографија од крвавата блуза што ја носела на концерот, пренесува „Дејли меил“.

Изобел Бодери објави фотографија од крвавата блуза што ја носела на концертот
Изобел Бодери објави фотографија од крвавата блуза што ја носела на концертот

Таа им се заблагодари на големиот број непознати луѓе што и помогнале ноќта кога се случија нападите: од човекот за кого таа вели дека и го спасил животот до двојката што таа ја слушнала како ги изговара последните зборови.

Таа вели дека прво мислела дека напаѓачите се само дел од перформансот на сцената, се додека не отвориле оган врз луѓето во публиката.

Десетици лица беа застрелани пред мене. На подот имаше локви крв. Плачот на мажите што ги држеа мртвите тела на нивните девојки ја заменија музиката, напишала таа,

Изобел се преправала дека е мртва цел час, лежејќи меѓу луѓето што ги држеле безживотните тела на нивните сакани. Цел час го задржувала здивот за да не мрдне.

Додека лежев на подот врз крвта на непознатите лица и го исчекував куршумот што ќе стави крај на мојот краток 22-годишен живот, го замислив лицето на сите што некогаш сум ги сакала и им реков: „Те сакам“, вели Изобел.

koncert-2

Чекав на последниот истрел. И тогаш некој викна дека напаѓачите си заминаа и сите сакавме да излеземе надвор. Се лизнав во локва крв. Газевме врз човечки трупови, вели Антони, уште еден од прживеаните во нападот.

Во концертната сала Батаклан во Париз животот го загубија 89 лица. Претходно напаѓачите држеа околу 100 лица како заложници.

Како изгледал моментот на нападот за време на концерот погледнете на следниот линк.