Конгресмен ја обвини Украина дека во 2016-та се мешала во изборите во САД

Украински функционери се мешале во американските претседателски избори во 2016 година со цел да ѝ наштетат на кампањата на сегашниот претседател Доналд Трамп, изајви во неделата за телевизијата CNN, членот на Претставничкиот дом на Конгресот на САД, Ли Зелдин, републиканец од сојузната држава Њујорк.

Пратеникот констатираше дека претходно американското разузнавање истапуваше со тврдењата дека Русија наводно влијаеле врз американските процеси.

„Покрај тоа, неоспорно е дека имало Украинци кои се мешале во изборите во 2016 година“, рече Зелдин, појаснувајќи дека двете ситуации „не се споредливи“.

Според него, во тоа учествувал поранешниот амбасадор на Украина во Вашингтон, Валеријк Чали. Зелдин истакна дека украинската страна распорстранила информации за наводно постоење списоци за ткн црно книговодство од страна на Партијата на регионите (на соборениот проруски украински претседател Виктор Јанукович) во кои се споменува Пол Манафорт, кој во 2016 година го водеше изборниот штаб на Трамп. Според Зелдин, тоа „придонело да се дискредитира Манафорт“.

Зелдин истакна дека Украина е поврзана со појавата на ткн досие од компромитирачки материјали за Трамп кои наводно ги собирала Москва до неговиот избор за претседател. Американскиот претседател своевремено ова досие го нарече фалсификата и пример за „тотален политички лов на вештерки“. Конгресменот, притоа, дека машењето во изборите претставува и закана по националната безбедност на САД.

За мешање во американските претседателски избори во 2016 година американските разузнавачки служби ја обвинуваат Русија, но никогаш не претставија конкретни докази за своите тврдења. Истрагата за овие наводно обиди за влијание врз изборниот процес во полза на Трамп две години ја водеше специјалниот обвинител поранешен шеф на Федералното биро за истраги (FBI), Роберт Мјулер. Во април годинава минситерството за правда го објави својот конечен извештај, во кој се тврди дека наводно имало обид за мешање, повторно без проложување докази, но дека немало дослух меѓу кампањата на Трамп и Москва.