Солза Грчева и Љубица Буралиева ќе бидат исклучени од СДСМ?

Солза Грчева и Љубица Буралиева, двете пратенички на СДСМ кои наспроти колективниот бојкот од страна на пратениците од опозицијата решија да се вклучат во работата на Парламентот, денеска ќе бидат предложени за исклучување од партијата.

Со тоа, велат од партијата на Зоран Заев, СДСМ дефинитивно ќе се дистанцира од одлуките и од политичките дејствувања на пратеничките Грчева и Буралиева.

Членовите на ЦО ќе треба да се изјаснат и за предложените активности и идни дејствувања на раководството на партијата, што треба да стартуваат од септември и да се одвиваат надвор од Парламентот.

Седницата на Централниот одбор на СДСМ е закажана за среда во 18 часот.