Владата во Берлин воведува патарини

берлин

Најновата одлука на владата во Берлин е донесена откако Германија го надмина спорот со Европската Комисија која се закани со тужба поради дискриминација на странските возила кои што ќе мора да плаќаат за користење на националните автопатишта.

Според новиот предлог, највисоката патарина за странски возила меѓу кои се и возилата од другите земји членки на ЕУ ќе биде 130 евра, а таа ќе зависи пред се од нивото на емисија на штетни гасови на возилата. Првичниот план на германската влада, со кој не се согласи Брисел, беше сите возачи да плаќаат патарина во висина од 165 евра годишно, којашто на германските сопственици на автомобили ќе им се компензира при годишната регистрација на возилата што значеше дека практично патарина во Германија реално ќе плаќаат само странските возачи.