Во самоубиствен напад 13 убиени во Сомалија

Бомбаш самоубиец се уби најмалку 13 и рани уште 15 полицајци разнесувајќи се во четвртокот утрото пред полициски центар за обука во главниот сомалиски град Могадишу, објави тамошната полиција.

Напаѓачот, кој бил облечен во полициска униформа под којашто имал појас со експлозив, влегол во центарот и го извел нападот во текот на утринското постројување, изјавил за агенциите полицискиот офицер Мохамед Дахир.

Одговорноста за нападот ја презема терористичката исламистичка групација ал-Шабаб, поврзана со терористичката мрежа Ал Каеда, пренесува Reuters.

Групата ал-Шабаб последниот период зачестено изведува терористички напади врз објекти на владата, но и хотели и ресторани во кои престојуваат сомалиски функционери и претставници на странски мисии. Цел на групата е да создаде исламистичка држава во Сомалија.

Нејзините припадници по долги години судири во 2011 година беа потиснати од сомалиската престолнина, и од тогаш имаат загубено одредени области кои ги држеа под конрола во судирите со сомалиските сили кои имаат помош од мировните сили на Африканската унија.

Мултинационалните сили на Африканската унија во Сомалија бројат од 22.000 војнции и според плановите се очекува да се повлечат и да ја предадат одговорноста за безбедноста во земјата на сомалиската војска до крајот на 2020 година.