Времето денеска: Променливо облачно и врнежливо

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд, особено претпладне, а ќе има и услови за ретка појава на грмежи, вакво време за денеска ни прогнозираат метеоролозите од Управата за хидрометеоролошки работи.

Ќе дува умерен северозападен ветер кој ќе услови опаѓање на дневната температура. Температурите низ државата ќе се движат од 18 до 23 степени.

Во Скопје ќе преовладува слично време се максимална температура од 22 степени.