Времето облачно и магловито, сообраќајот се одвива по влажни коловози

Под влијание на влажен воздушен бран од запад синоќа во доцните вечерни часови во државава има значителна облачност, а на запад и северозапад започнаа врнежите од дожд.

На високите планински места на запад и северозапад и на надморска височина од 1700 – 1800 метри врнежите поминуаа во снег, а ќе продолжат до утринските часови од денешниот четврточен ден. На пониските места ќе продолжат врнежите од дожд а сосема слаб дожд е можен и на исток од државава а ќе дува и слаб до умерен ветер од југозападен и западен правец кој на запад ќе се засилува по интетнзитет.
Претпладне облачноста нагло ќе се намали.

Во текот на попладнето повторно ќе се наоблачува, но во крајниот западен регион. Ќе дува слаб до умерен југозападен ветер во западниот крај и слаб југоисточен ветер во источната половина од земјава. Утрото ќе биде релативно потопло во однос на претходните денови, а минималната температура воглавно ќе биде позитивна и со вредности помеѓу 2 и 4 во поголем дел од населените места, додека на повисоките места вредностите ќе бидат помеѓу 0 и 2.

Mаксималната температура ќе биде во границите помеѓу 7 и 10 во северниот регион, на југозапад помеѓу 10 и 12 , а долж југот на повардарето и југоисточниот крај помеѓу 12 и 14.

Скопската котлина очекува облачно време наутро, со повремен дожд. Потоа, доцна претпладне очекуваме разведрување. Температурата ќе има минимална вредност околу 1, а максимална вредност околу 10.

Сообраќајот на државните патишта се одвива тековно по наместа влажни коловози. Намалена видливост од 50-100м. има поради магла има напатниот правец Скопје-Катланово.

На одредени правци кои поминуваат низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони. ЈП „Македонијапат“ апелира на внимателно возење и прилагодување на брзината  спрема условите на патот.

Дежурните екипи на ЈП „Македонијапат“ се постојано на терен и ги одржуваат сите патни правци проодни.

ПУНКТ Т(°C) ПУНКТ Т(°C) ПУНКТ Т(°C)
К.Паланка +6 Струга +7 Кочани +4
Страцин +8 Ресен +6 Делчево +4
Куманово +2 Крушево / Смојмирово +3
Маџари +1 Кичево +5 Струмица +4
Тетово +3 М.Брод +7 Велес +3
П.Шапка -3 Буково +4 Неготино +5
Гостивар +4 Ѓавато +3 Д.Капија +4
Стража +2 Плетвар +4 Удово +3
Маврово +3 Пресека +5 Гевгелија +3
Дебар +4 Железнец +7 Кула +4
Битола +4 Штип +2 Петровец +1
Прилеп +4 Сарамзалино +2
Охрид +8 Павлешенци +4