Врнежливо и свежо време

Времето во Македонија ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд.  На повеќе места повторно ќе бидат обилни проследени со грмежи и со засилен ветер.

Се очекува да наврнат дополнителни над 30 л/м2 воден талог, особено во западните и југозападните делови на Македонија. Ќе дува умерен повремено засилен ветер од југоисточен правец. Утринската температура ќе се спушти од 12 до 19, а највисоката дневна ќе се искачи само од 15 до22 степена.

Во Скопје претежно облачно време со повремени врнежи од дожд со променлив интензитет, повремено ќе бидат проследено со грмежи. Ќе дува умерен повремено засилен ветер од југоисточен правец. Утринската температура ќе се спушти до 17 а дневната ќе достигне само до 20 степени.

ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ:

Врнежи од дожд ќе има и в петок, но со послаб интензитет и повеќе ќе бидат локализирани, а кон крајот на денот постепено ќе престануваат

Потоа следува период на стабилизирање и постепено затоплување на времето.