Кон крајот на неделава, во некои места во Македонија ќе има температури од 10 Целзијусови степени под нулата, а во главниот град минималните температури ќе се спуштат до минус 7 Целзијусови степени.
Слично време ќе се задржи и во текот на следната недела, а во последната седмица од годинава ќе следи раст на температурите. Минималните температури нема да се спуштат под нула, а максималните ќе надминат 11 Целзијусови степени во Скопје, а во појужните делови и до 15 Целзијусови степени.