Вкусен предлог за посно мени – црвена руска салата и медено срце.
Потребни состојки
300 гр грашок
300 гр морков
300 гр пченка
300 гр туна од конзерва
200 гр домашен ајвар
Пипер
Магдонос
Подготовка
Обарете го грашокот, пченката и исечканиот морков, изладете и додате ги во туната. Додадете ајвар и бибер, па сето тоа добро измешајте. Готовата салата украсете ја со исчекан магдонос.
Посно медено срце
Состојки
2 шољи (0,2 л) шеќер
2 шољи вода
3 шољи брашно
1 кесичка прашок за печиво
2 лажички цимет
4 лажички џем од кајсии
Подготовка
Сите состојки измешјте ги убаво и смесата ставете ја во калап да се пече околу 30 минути. Печениот колач измачкајте го со џем. Може и со глазура од чоколадо (100 гр чоколадо за готвење и 3 лажички масло).