
Како и што се очекуваше, фудбалерите на Реал (М) не дозволија никакво изненадување во неделниот натпревар од 24. коло во шпанската Примера дивизион и многу полесно од очекуваното со убедливи 3:0 го победија градскиот ривал, тимот на Гетафе.
Победата на жешкото гостување доби уште повеќе на занчење бидејќи е остварена без помошта на најдобриот фудбалер на денешницата, Кристијано Роналдо, кој се уште ја одлежува суспензијата од три натпревари неиграње.
Минимална, но злато вредна победа од 1:0 во дуелот со директниот ривал во борбата за опстанок во елитното друштво, тимот на Бетис од Севилја, забележаа фудбалерите на Гранада.
Без победник и без погодоци заврши неделниот дерби натпревар од 24. коло во шпанската Примера дивизион, дуелот помеѓу екипите на Севилја и Валенсија.
Резултати: Гранада – Бетис 1:0, Гетафе – Реал М. 0:3, Атлетик Б. – Еспањол 1:2, Севилја – Валенсија 0:0.