Убил човек па молел да го извадат демонот од него

Убил човек па молел да го извадат демонот од него

Дваесет и деветгодишниот Александар Бурда со нож го усмртил педесет и четиригодишниот Драгутин Вукелиќ во центарот на српскиот град Врбас, а потоа молел некој да го извади демонот од него.

Како што пишува српскиот Курир, во центарот на Врбас Драгутин дошол пред неколку години, откако цел живот многу се мачел. Татко е на шест дечиња кои сега се завиени во црно. Пред шест години конечно им обезбедил кров над глава на своите дечиња, и кога требало да уживаат, Александар го избодел во стомакот и грбот неколкупати среде улица и тоа без никаква причина!

-Драгутин беше добар човек кој правеше се за домот. Секогаш помагаше на секого колку може и умее. Немам браќа, но него го сакав како брат, вели неговиот зет.

Ќерката на убиениот во солзи вели дека не може да се помири со трагедијата и не и е јасно како можело нешто вакво да се случи среде бел ден.

– Убиецот го нападнал од зад грб. Не знам како е можно да се случува ова среде бел ден, вели Катарина.

Во моментот на нападот, Драгутин се обидел да се спаси и се тепал со убиецот кој скокнал на него, но залудно. Децата и жените почнале да плачат и бегаат по улица, а кога стигнала полиција и амбуланта, крвавиот убиец легнал на земја и ги молел да го извадат демонот од него.