
Двајца исчезнати во Скопје за 24 часа. Станува збор за педесегодишна жена и дваесет и петгодишна девојка.
Педесет и тригодишниот Х.Ј. вчера во полициската станица Ѓорче Петров пријавил дека завчера исчезнала педесетгодишната К.М.Ј.
Триесетгодишниот Ц.Н. исто така вчера пријавил во полициска станица Гази Баба дека исчезнала неговата дваесет и петгодишна сопруга, С.Н.
Од МВР информираат дека преземаат мерки за пронаоѓање на исчезнатите лица.
Бројот на исчезнати во Скопје секојдневно расте, а повеќето од исчезнатите лица се малолетници.