Малку посвежо време ни најавуваат метеоролозите за денес. Според УХМР, по вчерашните пеколни горештини, денес ќе биде променливо облачно со сончеви и периоди со повремени локални и краткотрајни врнежи од дожд.
Наместа врнежите ќе бидат проследени со грмежи, особено повеќе ќе бидат застапени во планинските подрачја, но претежно во утринските и во доцните вечерни часови.
Ке дува слаб до умерен ветер од северозападен правец, а долж Повардарието повремено ќе се засилува.
Утрнската температура во Македонија ќе се движи од 14 до 21 степени, а највисоката се очекува да достигне од 33 до 38 степени. УВ индексот ќе изнесува 8.
Малку посвежо време и во Скопје
Малку посвежо време денес ќе има и во Скопје. Денес во главниот град на држават се очекува времето да биде променливо облачно со сончеви периоди со услови за краткотраен дожд и со умерен до засилен северозападен ветер.

Утринската температура ќе се спушти до околу 19, а највисоката дневна ќе достигне до 36 степени.
Малку посвежо време и за престојниот продолжен викенд
И во наредните денови, според најавите, не очекува малку посвежо време. Метеоролозите за наредните денови најавуваат сончево со мала до умерена локална облачност и малку по пријатно време.
Се очекува опаѓање на дневните температури за неколку степени.

Во попладневните часови метеоролозите најавуваат дека ќе има локален развој на нестабилна облачност која ќе биде проследена со краткотраен пороен дожд и ретки грмежи.
Бремените и хронично болните да не работат
Инаку, препораките на Владата донесени поради топлото време сеуште се на сила.
Бремените и хронично болните се ослободени од работа до 4-ти август. Донесените препораки за ослободување од работни обврски на бремените и хронично болните лица на возраст над 60 години, како и препораките да се избегнува вршење градежни активности на отворено во периодот од 12 до 17 часот, ќе продолжат да важат до 4-ти август соопшти пред два дена Министерството за здравство.
Какво ќе биде времето за престојниот продолжен викенд, видете на следниот линк.