
Премиерот Никола Груевски денеска ќе престојува во посета на општина Студеничани.
Како што информираат од владината прес служба, претседателот на Владата на Република Македонија, Никола Груевски, денеска ќе присуствува на означување на почеток на градежни работи на кружен тек на улицата 16-та Македонска бригада со улицата Коце Металец (во близина на паркот спроти училиштето Панче Арсовски). Потоа, премиерот Груевски ќе оствари посета на општина Студеничани.
Во рамки на предвидената посета на општина Студеничани, премиерот Груевски ќе оствари средба со жителите на повеќе населени места.
Денес, предвидено е Груевски да се сретне со жителите на населените место Морани, Студеничани, Долно Количани, Батинци и Цветово.
Груевски со турбо агенда изминатата недела
По посетата на општините Петровец и Илинден, премиерот Груевски во текот на изминатата работна недела оствари посета на уште два други региони во земјата.

Во понеделникот Груевски оствари посета на Кочани, Берово и Виница, а во четвртокот оствари посета на реканско – дебарскиот крај и центар Жупа.
Премиерот присуствуваше на отпочнување на повеќе проекти и оствари средба со жителите во споменатите региони.

Тој директно на терен ги слушна проблемите на жителите на овие региони и интервенираше за нивно побрзо решавање.