
“Вардарци” со шест ’парчиња’ ги почестија фудбалерите на Младост Царев Двор во Ѓорче Петров, а Шкендија со 0:3 го совлада Металург на стадионот “Борис Трајковски”.
Шкупи направи изненадување и го освои Штип, совладувајќи ја Брегалница со 1:2. Во Турново, екипите на Хоризонт и Силекс одиграа без голови и си поделија по еден бод.
Мечот меѓу Ренова и Работнички од ова трето коло е одложен за друг термин, поради обврските на “романтичарите” во плејоф – колото од Лигата на Европа.
Резултати Прва Лига (3-то коло)
Вардар – Младост Царев Двор 6:0
Металург – Шкендија 0:3
Хоризонт Турново – Силекс 0:0
Брегалница – Шкупи 1:2
Ренова – Работнички (одложено)
Табела: Вардар 7, Силекс 7, Шкендија 6, Шкупи 5, Турново 4, Работнички 3 (-1), Брегалница 3, Младост Ц.Д. 3, Металург 1, Ренова 0 (-1).