
Социјалдемократите предводени од Зоран Заев се обидуваат да избегаат од избори, односно прават се што може за тие да не се одржат. Ова за весникот „Дневник“ го тврди висок партиски извор од партијата.
Стратегијата на СДСМ е да се избега од избори
Весникот пишува дека неофицијалните информации и предвидувања изминатиот период, за тоа дека опозицијата се плаши од избори, односно не е подготвена, според нивниот извор се целосно точни.
Ако до пред анкетите за мерење на рејтинзите на партиите се размислуваше за можноста предвремените парламентарни избори да се одложат, последниот месец-два, дефинитивно стратегијата на СДСМ е да избега од изборите, за да не го доживее поразот што измерените проценти го предвидуваат, вели соговорникот на „Дневник“.
Партискиот извор за весникот ги посочува како клучни резултатите од анкетите презентирани во ноември и октомври. Според ноемвриската, направена од Интернационалниот републикански институт (ИРИ), владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ, во тој момент, уживаше двојно поголем рејтинг отколку СДСМ или изразено преку бројки: 23,5 наспрема 12,4 проценти. Според октомвриската, спроведена од Институтот за политички истражувања од Скопје, над 43 отсто од граѓаните сметаат дека ВМРО-ДПМНЕ ќе победи на априлските избори наспроти СДСМ во кого победник на изборите гледаат нешто под 20 проценти од анкетираните.
Дека СДСМ видливо бега од избори, деновиве во едно свое интервју обвини и премиерот Никола Груевски.
Молк од СДСМ за тврдењата на нивниот функционер
„Дневник“…