Повторно насилни протести на СДСМ: Хулиганите дивеат и кршат низ Скопје (ВИДЕО+ФОТО)

Хулиганите кои во организација на СДСМ и СОРОС протестираат низ Скопје направија вистински хаос. Тие се однесуваат насилно, кршат се пред себе и дивеат низ улиците.

Искршени прозорци, повредени новинари, демолирани автобуси, нападнати полицајци… Ова е епилогот од насилните протести на СДСМ.

Иако се десет пати помалку на број од граѓаните кои го поддржаа Граѓанското движење за одбрана на Македонија и коишто мирно го изразија револтот против аболицијата на Зоран Заев и Зоран Верушевски, опозициските демонстранти со насилство, кршење и демолирање го покажаа своето вистинско лице.

Хулиганите на СДСМ, организирани и поттикнати од оние кои јавно најавуваат крв на улици и украинско сценарио, како Заев и Верушевски, кршеа се пред себе. Насилно влегоа во Народната канцеларија на претседателот Ѓорѓе Иванов, демолираа автобуси, нападнаа полициски службеници.

 

nasilno-demonstranti-640x360 nasilni-2demonstranti-640x360

Дежурните соросови демонстранти, истите лица кои протестираат постојано во име на СДСМ, со насилство и дивеење покажаа дека немаат искрени намери и дека протестираат за нечии цели.

nasilni-3demonstranti-640x360 nasilni-4demonstranti-640x360

Од друга страна, поддржувачите на ГДОМ на мирен и достоинствен начин денеска го изразија својот револт, онака како што доликува, со љубов кон татковината, луѓе кои си ја сакат сопствената земја.

dron-1

Македонија е демократска земја и на МИРЕН протест може да излезе кој сака. Вечерва едната група масовно излезе со свои барања и изјави, а друга покажа дека идејата на Заев и Верушевски за граѓанска војна и украинско сценарио се единственото нешто кое сакаат да го исполнат.

Новинарот на опозициската 24 Вести, кој е дел од сите јавни собири и протести на СДСМ, Огнен Јанески, со насилството на овие протести, се пофали и на социјалните мрежи.