
Фудбалерите Атлетико Мадрид рутински ги изборија пласманот во четвртфиналето од националниот шпански Купот на кралот, во двомечот со третолигашот Леида Еспортиу.
Во првиот меч „јорганџиите“ на гостувањето славеа со 4:0, а во реваншот на нивниот стадиот „Метрополитано“ победија со 3:0.
Сите три гола беа постигнати во второто полувреме, а стрелци беа Јаник Караско во 67, Кевин Гамеиро во 74 и Витоло во 81 минута.