
Благослов од папата Франциск, а во позадина картата на Македонија, заедно со знамето – вака изгледа логото за посетата на Папата на земјава, кое го презентираше Ватикан.
Долу, се поставени сини линии, кои го симболизираат сарито на скопјанката Мајка Тереза, а горе е презентирано мотото на посетата: Не се плаши, стадо мало (од Евангелието по Лука).
За посетата на Бугарија, на логото се претставени две раце кои држат глобус. На него е поставено бугарското знаме, а фокусот е ставен на локацијата на земјата. „Мир на земјата“, гласи мотото за посетата кај соседите, а доаѓа од папската порака на свети Јован XXIII, пренесе бугарскиот весник „24 часа“.