Македонските граѓани кажаа: Зошто не, како досега? 

Оваа колумна ја посветувам на  неговото величество Македонските граѓани кои учествуваа активно на  претседателските и парламентарни избори кои се одржаа во Република Македонија ( првиот изборен круг претседателски (04.05. 2024) и вториот круг на престедателските избори и парламентарните избори на  08.05.2024година). На овие избори македонските граѓани го покажаа своето право лице и им покажаа на досегашната власт на ДУИ и СДСМ и нивните коалиции, како и на досегашниот „наш“ претседател Стево Пендаровски, дека не се достојни да ја водат понатака Република Македонија. И, им го покажаа нивното место во опозиција. И не само тоа, тие (македонските граѓани) бараат од новата Власт предводена од ВМРО-ДПМНЕ и учесниците во владата, досегашните властодршци да  сносат одговорност за нивниот  криминал и корупцијата на секое поле од нивното општествено делување, а воедно и преиспитување на делувањето и работата на Судскиот и обвинителскиот совет, во  руинираното здравство, образованието, економијата, како  и  на други институции.

Од претседателот на Република Македонија, професор-Д-Р ГОРДАНА СИЛЈАНОВСКА ДАФКОВА, македонските граѓани бараат да се спроведат македонските национални интереси, достоинствено и ГОРДО!

 Владата на  (ДУИ-СДСМ) го потценија и омаловажија македонските граѓани (Македонци, Албанци, Турци, Роми, Власи, Срби, Бошњации…)потценувајќи го нивниот интелект, негирајќи го нивното мислење, немање чувство за нивниот тежок опстој во делот на социјалата состојба, економските цени за животен опстој, односно немање чувство за нивното преживување, како и потценување кои го кажуваат македонските граѓани да го кажат своето мислење во однос на нивниот идентитет и разградување на националните македонски интереси и немање чувство кон граѓаните и нивниот интегритет.

  Арогантноста и неспособноста на подлозуркото Ковачевски, кога македонските граѓани преку новинарите го прашуваат: Како понатака  ќе се функционира и опстојува. Неговиот одговор, како што му зборува неговиот тутор „првиот премиер“ Ахмети дека ќе функционираат „Како до сега!“ и овој подлизурко (Таче-маче) тоа го потврдува:„Како до сега!“

Па, ајде да се потсетиме некои работи, како до сега, за да не се заборават

Почитувана македонска  јавност: REPETITIO MATER STUDIORUM EST ИЛИ ПОВТОРУВАЊЕТО Е МАЈКА НА ЗНАЕЊЕТО.

Да ги потсетиме СДСМ- нивниот „европскиот пат“ и на нивниот коалиционен партнер ДУИ-нивниот„ европски фронт“. Да ги потсетиме кои беа европските пораки:

  • Европските пораки во истражувањата на „Нумбео“  Македонија е рангирана на 13-то место со пораст на насилство во Европа;
  • Европска порака – ниту едно воено злосторство не застарува. Со дописот до македонската влада на 15 февруари 2024 година, од страна на Советот на Европа во Стразбург, со кој се бара да се укине автентичното толкување од 2012 година, во врска со  воените злосторства во Македонија;
  •  Советот на Европа препорачува  и  бара да се укине автентичното толкување од 2012 година, на Законот  за амнетија од 2002 година, и да се истражат досиејата што беа пренесени од страна на Меѓународниот кривичен трибунал за поранешна Југославија до домашните судови…Командната одговорност на ОНА, затворањето на Липковската брана, киднапирањето цивили од Кичевско- тетовскиот регион и малтретирањето на мавровските  работници, ова се четирите хашки случаи што беа затворени без судски процес, преку Законот за амнестија, кој беше донесен во 2001 година за одговор;
  • Новата влада која ќе дојде по 8-ми мај, под итно треба да го укине автентичното толкување од 2012 година на Законот за амнестија од 2002 година. Европска вредност е почитување на меѓународното право, Виенската конвенција за човековите права, повелбата на ОН и редица други меѓународни документи и декларации. И сите злосторници Командната одговорност на ОНА, како што е главниот Абаз-Али Ахмети, командант Форина-Талат Џафери… треба да се најдат пред лицето на правдата пред македонските судови. Ваквите злосторници на човештвото треба да ги нема во политиката. Тоа се историски отпадници на општеството. Со вакви луѓе кои ја водат политичка партија- ДУИ, нетреба да биде предмет на разговор со нив, туку своето место да си го најдат пред македонските и европските судови;
  •  Крајно нелигитимно и зачудувачки е Европската Унија да се потпира  на вредности прокламирани од авторитетите како што се  Жан Моне, Роберт Шуман и други великани и истовремено да премолчува и да одобрува озлогласени  историски отпадници и соработници на нацифашистички режими. Европа треба да се определи кои вредности ги споделува на Моне и на Шуман или на Хитлер, Борис Трети…Во својата суштина, Европската Унија е демократска и антифашистичка творба и не смее да остане неми на отворените изблици на фашизам внатре во самата унија. Се додека Брисел силно не притисне да се признаат македонското малцинство во Бугарија (земајќи ги притоа предвид пресудите на Европскиот суд за човекови права во Стразбург), а инсистира во Македонија да внесе „грст“ Бугари во нашиот устав, тогаш Европската Унија е надвор од сите свои стандарди. Со такви ставови и вредности не можеме да се усогласуваме. Овој дел од текстот не им се допаѓа на Османи, Ахмети, Маричиќ, Ковачевски… но битно е што мислат над 80%(отсто)  од македонски  граѓани  и тие се  најмеродавни;

Функционери на власта

Досегашните функционери на Владата, кои се повеќе од шест години, меѓу себе се критикуваат и кажуваат дека треба да се расчисти со криминалот и корупцијата која длабоко е навлезена во институциите на системот во Македонија.

Па, ајде  да не се заборави:

  •  Досегашниот министер за надворешни работи Бујар Османи ( „експерт за слепо црево“), кој беше кандидат за претседател на Македонија, од страна на командантот на ОНА, Али Ахмети, ќе изјави: „ Очекувам поддршка од САД“ и продолжува: „ Имаме уникатен модел на држава…, но и корупција насекаде…м.з. и продолжува трагикомично, наредните години, ќе бидат  години на антикорупциски политики за државата“. Овој Османи, досегашен министер за надворешни работи, бил министер за здравство каде е познат по скандалот „Пациент“, од Основното јавно обвинителство и после неколку години нема ни трага од предметот, односно го прикрива криминалот или исказите на синдикалците во министерството за надворешни работи и неговите злоупотреби кон истите искажуваат несогласување со неговите лични и партиски делувања, односно на неговата парија ДУИ. И сега демагогот Османи од криминалниот скандал „Пациент“, бара конкретна помош и очекува од САД борба против корупцијата. Па ќе изјави:„ сами си баравме помош од САД, против корупцијата, стравував ако не почнеме преговори со ЕУ земјава ќе остане само на мониторинг“. Напред наведеното го изјавува, откако беше објавено дека специјален тим за санкции од Министерството за правда од Америка пристигнуваат во Македонија за да истражи наводи за корупција кај актуелни политичари и други функционери. Па сега властите  кои се повеќе од шест години на власт, како папагали – демагошки изјавуваат дека: „подржуваат беспрекорна борба на сите нивоа“.
  •  За сите вакви закани и други коруптивни дејствија, преку моето отворено писмо е запознаена и нејзината екселенција, американскиот амбасадор во Македонија, меѓу другото напишав: „…Свесен сум дека Ви е повеќе од познато дека последните 4 години нема област која не е инфицирана од корупција, нема институција која не боледува од оваа болест која ја „убива” демократијата насекаде кај нас.

Во јавноста се претставува розова слика, боја која е платена со моќта на корупцијата, со тргувањето на влијание од страна на политичките и би рекол партиските центри на власта.

Пипците на политичката корупција го задушуваат граѓанинот овде и се обидуваат да воспостават власт на корупцијата наспроти власта на граѓаните!

  • Кога домашните институции, не преземаат ништо за функционален правен систем, почнувајќи во секоја пора од општественото живеење, кога  власта предводена од ДУИ и ССМ и од „двајцата“ премиери Али Ахмети и Димитар Ковачевски, на виделина ни се случуваат партизирани, непотистички институции. Затоа, не случајно Македонија во Европа е на врвот според стапката на инфлација и стапката на невработеност според т.н. Индекс на мизерија е  втора на листата ( 33,2) на Европа. Овие факти го утврдуваат економското страдање на една земја, според инфлацијата и на невработеноста и доволно зборуваат за економската беда и социјалното страдање на македонските граѓани. Загрижувачка и алармантна состојба!“…
  • Па ни се огласуваат амбасадите кои се во Македонија, евроамбасадорот Гир, холандскиот, германската, па и британската амбасада и сите со една поента искажуваат: „Корупцијата во Македонија расте и го поткопува владеењето на правото“. Па на 9-ти декември на меѓународниот ден на корупцијата се изјавува „… корупцијата во Македонија се влошува на секое поле, а нема подобрување во ниту еден сегмент. Корупцијата во Македонија го поткопува владеењето на правото, таа создава голема недоверба во судството и ги ослабува институциите во судството и ги ослабува институциите во државата…“.

Ова да не се заборави

  • Али Ахмети-„првиот премиер“ во Мала Речица и најавил на американскиот амбасадор  Агелер „војна против корупцијата и на актуелни властодршци“. И дал „вербална поддршка за активностите на САД на ова поле“. Само не знам дали и кажал дека е почесен доктор на универзитетот во Тетово (со никакви научни и културни достигнувања, наместо тоа има заслуги за геноцид на невини македонци). Не знам. Дали проговорил за водството на ОНА и хашките случаи кои лежат во македонското судство. Или за поставениот нов јавен обвинител за организиран криминал, неговиот комшија од Зајас. Можеби проговорил за поставените партиски судии по судовите и обвинителите по клуч партиски, а не по компетенции, стручност и сл.
  •  Или зошто младите бегаат од Македонија… Или, дали ја запознал амбасадорката Агелер, Зошто се чека за делото против функционери поврзани со „Маѓар Телеком“ да застари и го поставува прашањето да не се чека на ветинг? Со право поранешниот министер за финансии Хајредини го прашува „вториот премиер“ Ковачевски за ова мито, и со право  прашува: „ Се прави или не знае Ковачевски за митото од по 2,5 милиони евра што директорите на Телеком го уплатиле на наши државни функционери? За ова дело судот во Њујорк директорите на Маѓар Телеком ги казнил, а во Македонија се чека долго време да застари, иако Врховниот суд, по нивна желба одлучи дека сведокот за овој предмет не клеветел“.Се чека да застари предметот. Тоа е нашето (НЕ) правосудство!!!
  • Ајде за заменик претседателот на Владата (сега во заминување) задолжен за политики за добро владеење Славица Грковска,  која отворено кажа дека Јавниот обвинител Јовески не си ги извршувал поставените задачи (не беше конкретна дали од Зоран Заев или Ковачевски-Таче, или…) и не заслужува да биде именуван за уставен судија.„ Браво Грковска“! Но  и ти дали заслужуваш да бидеш на таа   вештачка функција за добро владеење? Е, па што стори  по доставената претставка бр.56-8157/1 од 19.09.2022г. за сомнеж за злоупотреба на службена должност и овластување, а во врска: „ Моќта на владината функција наспроти моќта на законот во хибриден режим на СДСМ! (види повеќе: Моќта на владината функција, наспроти моќта на законот во хибридниот режим на СДСМ/ или претставка бр.12-8654/1 од 07.10.2022г, а во врска Скандали во владеењето на поставените владини функционери/ види повеќе: Грковска – Скандали во владеењето на поставените владини функционери/ или претставка бр.56-8553/1 од 27.09.2022г./ види повеќе:/Корупцијата во високото образование и нејзината опасност за демократијата/ нема никаков одговор, ниту преземени мерки. И ти не ги исполнуваш задачите за која си поставена  исто како јавниот обвинител Јовески! Невиден срам си! И соучесник  си на лоши политики за добро владеење!!!. Оди си!. И ќе си одиш наскоро!;
  • Се појавува директорката Лукаревска за Јавни приходи и признава дека: „… сивата економија во Македонија е поголема од економијата во Албанија и Косово“;
  • Да не заборавиме за криминални издадени пасоши, државјанства на криминални тајкуни, хаотичност со лични документи на граѓаните… наместо оставка Спасовски и други одговорни, демагошки говорат дека ќе дадат помош за борба против криминалот. Какви се овие неморални, несоодветни изјави. Не чувствува никаква одговорност, ниту тој ниту неговиот заменик министер. Да не говорам и за оној министер за образование не чувствува никаква одговорност и нема намера да поднесе оставка. Ова е смрдливот и трулеж на одговорните на оваа Влада. Каде што велат оние на ДУИ функционери дека одговараат само на Али Ахмети. Па кој ќе се бори против корупцијата. Не можат овие кои се корумпирани и криминални.

Дали го знаете Бојан Маричиќ и Зоран Заев кои ќе расчистеле со судството

  • Па го слушам оној кој ќе го расчистуваше судството Бојан Маричиќ, кој заедно со Зоран Заев говореа дека ќе го направат „ судството како пупка“. Да го направија пупка на криминалот и корупцијата!!. Па сега како одговорен за евроинтегративните процеси  за пристапување во Европската Унија (ЕУ), изјавува: „Судските реформи се клучни за пристапување во ЕУ, имаме уште за работа“. Во поглед за Поглавјето 23 „Правосудството и фундаменталните права“ ќе каже: „…имаме системски капацитет и подготвеност да го надоградиме со европските правила на функционирање… па изјавува (трагикомично) „Антикорупцијата и фундаменталните права, со акцент на  антикорупциски политики и законодавството во однос на справување и борбата со корупцијата, административните капацитети…по завршувањето на скрининг состанокот во Брисел. Го слушаме од министри, функционери кои веќе повеќе од пет години се на Власт.

Почитувани мои македонски читатели!

Со моево пишување сакам да Ве потсетат  само еден сегмент од големата слика на смрдливиот криминал и корупција на институциите во Македонија, како ја водea  овие досегашни функционери, кои не чувствуваат никаква одговорност и разбирање кон неговото височество македонските граѓани.

Очекувам новата Влада  на ВМРО-ДПМНЕ, предводена од премиерот професор д-р Христијан Мицкоски, да го слушаат гласот на неговото величество ГРАЃАНИНОТ и да се преиспитуваат за било какви согледувања или законски пропусти на поставените функционери по институциите. Да има одговорност. Вработените  во институциите да бидат слуги на граѓаните, а не обратно. Сите министри, директори кои ги поставува Владата да одговараат и отчет да даваат на ПРЕМИЕРОТ, а не на поглавиците на партиите (како досега),  да се имплементираат основните постулати кои се поставени и тоа: за забрзан економски развој на Македонија, силна борба против криминалот и корупцијата и европските интеграции врз база на принципи и вредности.

СЕ ВО ИНТЕРЕС НА МАКЕДОНСКИТЕ ГРАЃАНИ!!!

 ЗА МАКЕДОНИЈА И НЕЈЗИНИОТ ПРОСПЕРИТЕТ!!!

Автор: Ѓорѓи Илиевски, Виш просветен инспектор во пензија за НетПрес