Цените на нафтата над 79 долари, трговците ги проучуваат плановите на Трамп

Цените на нафтата се задржаа над 79 долари на меѓународните пазари во средата, при што трговците се преокупирани со плановите на американскиот претседател Доналд Трамп во енергетскиот сектор и надворешната трговија.

На лондонскиот пазар цената на барелот попладнето беше речиси непроменета од вчерашното затворање на тргувањето и изнесуваше 79,11 долари. Позначителни промени немаше и на американскиот пазар каде барелот се тргуваше по 75,65 долари.

Организацијата на земјите извознички на нафта (OPEC) засебно објави дека барелот од референтната кошничка нафта на нејзините членки во вторникот паднала за 43 центи на 81,74 долари.

Трговците оваа седмица се фокусираа на пораките од новиот американски претседател Доналд Трамп. Најголемо внимание привлекоа неговите сигнали за можни царини за Мексико, Канада, Кина и Европската унија и неговиот план за зголемување на производството и извозот на нафта и гас.

Во вторникот, Трамп рече дека неговиот кабинет размислува да воведе царина од 10 отсто за увоз од Кина, почнувајќи од 1 февруари. Токму тој ден Вашингтон би можел, според него, да воведе царини и за Мексико и Канада, по стапка од 25 отсто. Американскиот претседател посочи дека би можеле да воведат царини и за увоз од Европа, без да наведе детали.

Американскиот претседател, исто така, рече дека „веројатно“ ќе престане да купува нафта од Венецуела, која е еден од главните снабдувачи на САД. Тој, исто така, откри сеопфатен план за максимизирање на домашното производство и извоз на нафта и гас, вклучително и прогласување „вонредна состојба“ во енергетскиот сектор за да се забрза лиценцирањето и да се суспендираат еколошките регулативи. Беше најавено и повлекување на САД од Парискиот договор за климата.

„Јавноста сѐ повеќе ги проучува договорите за производство на енергија и трговијата, а трговците ќе ја анализираат врската меѓу економскиот раст, енергетската безбедност и ризиците што ги носат мерките“, рече Дилин Ву од „Pepperstone“.

„Политиките на Трамп веројатно нема да ги зголемат инвестициите во американскиот енергетски сектор наскоро или значително да влијаат врз темпото на производство, но тие би можеле да го ублажат ризикот од слабеење на побарувачката за дестилати“, пишуваат во белешката аналитичарите на „Morgan Stanley“.

Анализата на неговите најави и планови го турна во втор план неочекуваниот прекин на преработката во рафинеријата „Motive“ на американскиот брег на Мексиканскиот залив поради зимската бура. Производството на нафта во Северна Дакота најверојатно е намалено за 130.000 до 160.000 барели дневно поради екстремно ниските температури, процени во вторникот властите на нафтоводот, кои го отежнуваат нормалното работење и предизвикуваат проблеми